X
 01.08.2016 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 1 август 2016 година, 214-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:23, а ќе зајде во 19:54 часот. Денот ќе трае 14 часа и 31 минута.

Новата работна недела а и ова утро го започнува во сончево и многу топло време. Насекаде над Македонија е ведро, тоа значи дека не очекува сончев и многу топол ден.

Во Македонија во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Попладне најпрво во северозападните предели наоблачување кое може да услови врнежи од дожд. Оваа облачна и нестабилна воздушна маса доцна попладне и навечер ќе ги зафати и северните, централните и североисточните предели условувајќи локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските ќе се движат од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 28 односно до 39 степени. УВ индекс 9.

Во Скопје во понеделник сончево и многу топло. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна до 36 степени. УВ индекс 9.

Во Македонија во вторник претежно сончево и посвежо време. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели, како и во крајните североисточни и источни предели со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Температурата од 28 до 38 степени. Во среда и четврток претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 24 до 34 степени. Претежно сончево со локална облачност и потопло време во петок со пораст на максималните температури кои ќе достигнат до 27 односно до 37 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот