X
 24.02.2017 Живот

Од утре промена на временската состојба

Денес е петок, 24 февруари 2017 година, 55-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:12, а ќе зајде во 17:22 часот. Денот ќе трае 11 часа и 10 минути.

Во Македонија ова утро имаме претежно ведро и топло утро, само во крајните западни предели имаме појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне зголемување на облачноста која што во крајните северозападни и западни предели ќе услови врнежи од дожд во текот на ноќта петок кон сабота, а во сабота насекаде во Македонија. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринските температури од -2 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска наутро и претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Слаб доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота облачно време со врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. На ридско-планинските предели и на планините над 1000 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Утринските температури од 0 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 13 степени. Во недела во раните утрински часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе преовладува претежно облачно и свежо време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од -2 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 2 односно до 11 степени. Во понеделник и вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време со пораст на утринските и дневните температури. Во понеделник утринските од -1 до 6 степени, а максималните од 7 до 1 степени, додека пак во вторник минималните од -2 до 5 степени, додека пак дневните од 10 до 18 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот