X
 17.04.2015 Технологија

Ново во ЏаБест - Неограничени разговори кон сите и 300 МВ интернет

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ, од денес, 17-ти април, го збогатува своето портфолио со нов припејд пакет кој нуди неограничени разговори кон сите национални мрежи и 300 МВ интернет.




Станува збор за неделен пакет кој за само 99 денари неделно ќе им овозможи на сите ЏаБестери и корисници на ОНЕ припејд да зборуваат неограничено кон сите национални мрежи и опуштено да сурфаат на интернет цела недела.

Истовремено, со секое надополнување на кредит, корисниците на ЏаБест и натаму зборуваат бесплатно со сите ЏаБестери.
Сите припејд корисници на ОНЕ и корисниците на ЏаБест можат да го активираат неделниот пакет со повик кон бројот 1460 и да уживаат во неговите придобивки. 

ЏаБест е уникатен, модерен производ за млади, со препознатлив идентитет своја визија и единствена филозофија. ЏаБест е инспириран од комуникациските навики и животниот стил на младите, а неговото име е асоцијација на најдобра и најевтина комуникација.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија