Во
петок во Македонија ќе биде сончево, топло и ветровито.
Ветровито ќе биде во западните предели каде ќе дува умерен јужен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Во останатите предели ќе дува слаб јужен ветер.
Утринските температури од 3 до 12 степени, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 17 до 27 степени.
Во Скопје во
петок ќе биде сончево и топло. Слаб јужен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 24 степени
Во
сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северните, североисточните и источните предели.
Во
недела во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, попладне умерено облачно со сончеви периоди. Утринските температури од 2 до 11 степенин, а максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 8 до 18 степени.
Во
понеделник претежно сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат од 12 до 22 степени.
Во
вторник Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд и посвежо време со пад на температурите. Утринските од 0 до 9, а дневните од 3 до 13 степени.