Денес е среда, 29 март 2017 година, 88-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:17, а ќе зајде во 18:59 часот. Денот ќе трае 12 часа и 42
минути.
И денеска денот го започнуваме со постудено утро во однос на
вообичаените температури за овој период од годината. Во утринските
часови насекаде над Македонија е ведро а тоа ни значи и претежно сончево
време.
МАКЕДОНИЈА – По студеното утро, во Македонија во текот на денот ќе биде
претежно сончево и надпросечно топло време за овој период од месец март
со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 12 односно до
22 степени. Во текот на денот ќе дува и доумерен северозападен и
североисточен ветер.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево и топло време. Ќе дува
доумерен слаб сееврозападен ветер. Утринската температура од 3 степени,
а максималната дневна до 20 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток потопло утро со утрински температури кои
ќе се движат од -1 до 7 степени. Во текот на денот претежно сончево и
надпросечно топло време со температури кои ќе го надминат
повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат до 13
односно до 23 степени. Во петок претежно сончево време со појава на
локална облачност и топло време. Утринските температури од -1 до 7
степени, додека пак максималните дневни од 13 односно до 22 степени. Во
сабота сончево и топло време со дневни температури кои ќе се движат од
14 до 23 степени. Идентични максимални температури не очекуваат и во
недела, со напомена што претпладне ќе биде претежно сончево, додека пак
попладне се очекува наоблачување.
Weather4all.com.mk