X
 02.06.2015 Живот

Времето денес и какво време не` очекува до крајот на работната недела?



Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло.

Попладне во западните и југозападните предели услови за развој на нестабилна облачност која што ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици.

Слаб северен и северозападен ветер, а во западните и југозападните предели ќе дува малку посилен ветер. Минималните температури од 7 до 15 степени, а максималнит дневни ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. Воздушниот притисок ќе изнесува 1017 хектопаскали, а УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ
Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер. Минималната температура од 12 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 29 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Максималните температури ќе се движат од 22 до 33 степени. УВ индекс 8.
Во четврток и петок нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Овие врнежи ќе бидат претежно попладне и повеќе ќе бидат застапени во западната половина на Македонија. Утринските температури во пораст, а дневните ќе опаднат. Минималните од 11 до 20 степени, а максималните до 18 односно до 31 степен. Во сабота претежно сончево и потопло со дневни температури кои ќе се движат од 23 до 34 степени. УВ индекс 8.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот