X
 19.06.2015 Образование

Ако сакаат да студират во Делхи, ќе мора да отплаќаат кредит 15 години



Властите во Делхи ќе им понуди кредити на сите оние кои сакаат да студираат во главниот град на земјата. Овој потег наиде на различни реакции во тамошната јавност, пренесува „Индепендент".

Oваа мерка се однесува на оние млади кои сакаат да се запишат на студии на колеџи во Делхи.

Предвидено е студентите кои успешно ќе завршат со студиите, да добијат една година „замрзнување" на отплатата и ќе имаат можност да го отплатат својот заем преку ниски месечни рати во текот на цели 15 години.

Оваа новина предизвика различни реакции. Една тамошна студентска организација, Krantikari Yuva Sangathan, смета дека со ваквиот начин се прави обид да се зголеми приватизација на високото образование.

Организацијата тврди дека учениците во градот не можат да продолжат да студираат, не поради недостаток на финансиски средства, туку поради тоа што во високообразовните институции нема простор за сите примени.

- Вкупно 270.000 студенти има на Универзитетот во Деллхи секоја година, а има место само за 54.000 - велат во студентската организација.

Според друга група студенти, кредитите се во основа потребни за приватните универзитети, бидејќи таму трошоците се премногу високи.

- Од ваквата мерка ќе имаат корист само универзитетите и банките - коментираат студентите.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование