X
 30.07.2015 Здравје

Влијанието од користење на таблет кај децата повеќе од 30 минути не е добро

Експерти од Австралија предупредуваат дека децата кои поминуваат повеќе од 30 минути дневно користејќи таблети можат да имаат хронична болка во вратот и грбот во подоцнежниот живот. Згрбавеноста над електронскиот уред во младата возраст може да предизвика мускулно-скелетни проблеми подоцна.


Стефани Касиди, физиотерапевтка од Мелбурн препорачува најмногу 30 минути фиксна положба пред екранот.

Истражувачите од универзитетот „Куртин“ во Австралија откриваат дека многу семејства во земјата им дозволуваат на децата да користат компјутери, телефони и таблети во текот на целиот ден за да бидат мирни и задоволни.


Истражувања од други земји покажуваат дека една четвртина од децата гледа ТВ повеќе од еден час дневно, што е максималното време кое се препорачува за децата.

Експертите се јасни кога станува збор за активноста на детето. Тоа не смее да поминува повеќе од 30 минути на таблет или телефон и повеќе од 1 час пред телевизор. 

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје