Според ранг листата за најдобри 1.000 светски универзитети направена од webometrics, нитуеден универзитет нема од Македонија.

Имено, скопскиот универзитет „Св.Кирил и Методиј“ се наоѓа на 1.395-то место на светската ранг листа, битолскиот универзитет се наоѓа на 5.469-то место, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се наоѓа на 6.479 место, а најлошото место го има Воената академија Генерал Михајло Апостолски која се наоѓа на 22.436 место.
Според споменатата листа, најдобриот универзитет е американскиот Харвард. Првите три ги затвораат Институтот за технологија во Масачусетс и Стенфорд, и двата од Америка. Всушност, првите 13 најдобри универзитети во светот доаѓаат од Америка. Европа ја претставуваат Оксфорд и Кембриџ, и двата од Велика Британија кои се на 14-то и 15-то место.
Што се однесува само до Европа, топ 3 универзитети се споменатите два погоре и швајцарскиот Федерален инситут за технологија кој се наоѓа на 21 место во светот. 4 и 5 место исто така им припаѓаат на Велика Британија - Универзитетскиот Колеџ од Лондон (35-то место на ранг листата) и Универзитетот во Единбург (51-то место на ранг листата).
Доколку се насочиме исклучиво на централна и источна Европа, на прво место се наоѓа Карловиот Универзитетот од Прага (120-то место во светот), а потоа следува московскиот Универзитет Ломомосов (138 место) и Универзитетот во Љубљана (216 место во светот).
Рангирањето се врши два пати годишно - во јануари и во јули и вклучува повеќе од 25.000 високообразовни институции во светот и се врши со помош на четири критериуми:
влијание - надворешните врски кои веб страната на рангираните институции ги прима од трета страна.
Присуство - Вкупниот број на веб сообраќај, не вклучувајќи ги пдф датотеките, според податоците кои ги дава Google.
Отвореност - Бројот на достапност на пдф датотеки објавени на веб страните, според податоците кои ги дава Google.
Извонредност - Застапеност на првите 10% најцитирани трудови по област, за периодот од 2009 до 2013 година според податоците на институтот Scimago.
За конечниот пласман, влијанието дава 50%, извонредноста дава 30%, и присуството и отвореноста даваат по 10%.
Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.