Во романот на Вилијам Фокнер од 1938 година насловен „The Unvanquished“, полковникот Сарторис презема драстични мерки за да го спречи изборот на црниот кандидат на републиканците после Граѓанската војна, уништувајќи ги ливчињата на црните гласачи.
Ваквите драматични мерки за сузбивање на гласачите било често, а често тактиките се менувале, па така во средината на 20-от век, Џим Кроу Саут во голема мера се потпирал на тестот за писменост кој речиси бил невозможен за решавање со што успешно се спречувале слободните и фер избори.
Овие тестови наводно биле наменети и за црните и белите потенцијални гласачи кои не можеле да покажат одредено ниво на образование (обично петто одделение), иако во поголема мера биле давани на црните гласачи. Сепак, постоеле шпекулации дека постои полесна и потешка верзија на тестот.
Тестот од Луизијана се состои од
прашања толку збунувачки што никој, без оглед на нивото на образование, не би можел да ги одговори. Како што велат инструкциите, само еден грешен одговор на тестот означува неуспех за негово полагање - невозможен стандард дури и за легитимен испит.
Освен тоа, гласачите имале само десет минути да го завршат тестот кој бил три страни и 30 прашања.