X
 09.03.2015 Образование

Што му кажува на светот вашата диплома?

Универзитетската диплома е многу важен дел од кариерите на многу луѓе. Таа ви овозможува да одберете кариера во област која ве интересира и во која можете да спечалите за подобар живот. Спојувањето на вашата диплома со вашите афинитети, како и одлуката за тоа што ви се допаѓа а што не, е многу важно за сатисфакцијата која ја имате од вашата моментална работа.


Зошто е важно да се има диплома?

Дипломата покажува дека ја разбирате основата на полето во кое сте одлучиле да ја насочите вашата кариера. Но секако, тоа не е единствениот бенефит кој ќе го видите од дипломата. Тоа што сте одлучиле да се запишете на универзитет и да жртвувате неколку години за да се едуцирате во областа за која сте заинтересирани, покажува дека сте одлучни да истраете и тврдоглаво да се движите по патот за кој што сте се одлучиле.

Кога добивате диплома тоа покажува дека сакате да работите на остварување на вашите цели. Непроспиените ноќи кога сте се подготувавле за испити, покажуваат дека доколку е потребно можете да го жртвувате вашето време за постигнување на вашите цели. Работодавачите се привлечени од таквиот начин на самопожртвуваност. Бидејќи сте сакале да инвестирате во себе си и во вашата едукација време и пари, тоа најчесто покажува дека сте сериозни и во вашата работа.

Избор на правилната диплома

Избор на било каква диплома не е доволен во денешнава економска клима. Потребна ви е диплома која ќе ви овозможи вработување и нема да ,,застари” во наредните неколку години. Изботот треба да биде флексибилен и да ви овозможи вас и на вашата кариера да напредувате на повеќе различни начини. Дипломата ќе ви овозможи транзиција од едно поле на вашата кариера, во друго, без притоа да морате да почнете од дното.

Еве некои од потенцијалните дипломи кои нудат флексибилна кариера:

Бизнис администрација – нуди можност да се фокусирате на маркетинг, финансиски менаџмент или да одберете кариера во било каков вид на бизнис.

Инженеринг – е уште една диплома која може да се искористи за кариера во архитектурата, медицината и биотехнологијата.

Диплома англиски – е честопати критикувана диплома, но овозможува влез во новинарство, односи со јавност и маркетинг.

Психологија – оваа диплома овозможува кариера во здравството, едукација, маркетинг и социјална работа, со тоа што ќе ви го овозможи почетното ниво на знаења за работата и можност за унапредување на повисоко ниво.

Ова се само неколку примери за дипломи кои ќе ви отворат цела палета на опции за кариери. Кога одбирате кариера, треба во предвид да ги земете сите аспекти. За што сте заинтересирани? За што има побарувачка? Која кариера има најголем потенцијал во иднина?

Сите овие прашања се наведени во ова статија за да ви помогнат да оберете кариера која ќе ви служи сега и во иднина. Иако не знаеме што ќе донесе иднината, сепак можеме да одбереме диплома која ќе ни овозможи кариера низ повеќе индустрии и ќе ни овозможи поголема сигурност.

Независно дали се запишувате на универзитет директно од средно образование или пак откако ќе создадете фамилија, дипломата за која ќе се одлучите треба да ви овозможи да го живеете животот кој го сакате.

Треба да го сакате она што го работите и да имате разумно ниво на сигурност за да го живеете животот со уживање.

Online Cultus

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование