X
 16.09.2015 Живот

Какво време не` очекува во наредниот период... Од недела дестабилизација на времето

Во Македонија во среда не очекува уште еден сончев и топол летен ден. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Температурите и понатаму се повисоки од просечните за овој период од годината, па утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 35 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје во среда сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 33 степени. УВ индекс 6.

Во четврток во Македонија ќе биде сончево и топло. Утринските температури од 10 до 20 степени, а максималните од 26 до 37 степени. Потопло ќе биде во петок, кога максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност. Утринските температури од 10 до 20 степени, а максималните ќе се движат од 25 до 36 степени. Дестабилизација на времето се очекува во недела. Претпладне умерено облачно, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд. Максималните температури во опаѓање и ќе достигнат од 23 до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот