X
 09.02.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува денес?

Во понеделник во Македонија ќе биде претежно облачно, ветровито и студено. Во текот на денот ќе има услови за провејување на снег. Да напоменеме дека се работи за сосема слаби врнежи од снег. Во доцните попладневни и во вечерните часови намалување на облачноста.

Ќе дува силен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува силен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 60 км/ч.

Ќе продолжи трендот на опаѓање на температурите. Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, а максималните дневни ќе достигнат до -3 односно до 5 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно облачно со провејување на слаб снег и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, а максималната дневна до 2 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот