X
 20.10.2016 Живот

Времето денес и какво време да очекуваме во наредните 5 (пет) дена?



Денес е четврток, 20 октомври 2016 година, 294-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:46, а ќе зајде во 17:48 часот. Денот ќе трае 11 часа и 01 минути.

И ова утро во Македонија облачно и понекаде магловито утро. Во наредните часови се очекува намалување на облачноста и маглата.

МАКЕДОНИЈА - Во утринските часови појава на магла која што ќе услови намалена видливост и до 100 метри. Во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе бележат благ пораст и ќе достигнат до 12 односно до 19 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес умерено облачно време со услови за повремени сончеви периоди, ветровито и малку потопло време. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, додека пак максималната температура до 17 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок во утринските и претпладневните часови умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно со локални врнежи од дожд, максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 17 степени. Во сабота умерено облачно време со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и температури од 13 до 20 степени. Во недела во Македонија умерено облачно време со сончеви периоди и идентични температури од 13 до 20 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимални температури кои ќе достигнат до 16 односно до 14 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот