Младинскиот образовен форум Ве поканува да присуствувате на јавната трибина која има за цел да понуди конструктивна дискусија за студентското организирање и учество во Р. Македонија. Настанот ќе се одржи на 23.09.2015 (среда), со почеток во 11.00 часот, на платото на УКИМ и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Јавната трибина ќе започне со презентација на наодите од анализата за
“Студентско организирање и учество во Република Македонија”, од страна на претставник на Младински образовен форум.
Поканети говорници за оваа панел дискусија се: Проф.Д-р. Димитар Гелев [професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје]; Ивана Туфегџиќ [претставник од Студентскиот пленум]; Александар Стојановски [поранешен студентски активист] и Александра Живковиќ [Младински образовен форум].
Во изработената анализа се дискутираат учеството на студентите во универзитетските и факултетските тела, организациската поставеност и работата на студентските парламенти на државните универзитети во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Охрид. Публикацијата ги дискутира и формите на организирање на матичните факултети на УКИМ, и европските практики.