X
 24.09.2019 Настани

Високата медицинска школа при УКЛО организира промотивен настан во Битола - „In4Child“

Пред Домот на културата во Битола, в петок, 27.09.2019 година, од 11:30 до 14:00 часот ќе се одржи промотивен настан во рамките на проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на децата од ранливи популации“ со акроним In4Child.

Промотивниот настан има цел да ја сензибилизира пошироката јавност за детската експлоатација и детското питање. На настанот ќе се промовираат целите и активностите на проектот во насока на обезбедување достоинствен живот за децата, поради нивната ранливост и развивање на свеста за потребата од почитување на детските слободи и права.

nastan

Настанот се очекува да придонесе за зголемување на дополнителните напори во насока на искоренување на експлоатацијата на децата на улица, пред сè со превентивно дејствување, а потоа и со преземање мерки за заштита заради создавање праведен свет, еднаков за сите деца.

Промотивниот настан е во организација на Високата медицинска школа, единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, а станува збор за проект финансиран од програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани