X
 24.09.2015 Образование

Скандал во основно училиште во Шведска поради "морничава" домашна задача

2

 

Во Шелефтео, гратче во североисточна Шведска, еден наставник во основно одделение, од своите ученици од седмо одделение побарал да напишат проштално писмо.


Наставникот на учениците им рекол да напишат проштално писмо како дел од домашната задача. После ова случување следеле бурни реакции, а учениците после домашната задача се чувствувале доста лошо, после што следеле и обвинувања од родителите. Некои од нив овој случај го оцениле како вистински скандал.

Директорот на училиштето Јан Содерстром им рекол на родителите дека погрешно ја сфатиле домашната задача, и дека наставникот ја вовел во наставата водејќи се според доста позната психолошка книга. Врз основа на книгата тој им ја дал задачата на своите ученици.

Содерстром истакнува дека сите родители се повикани во училиштето за да им се објасни дека наставникот навистина немал лоша намера.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование