X
 02.10.2015 Технологија

Програмите на клауд академиите при Њу Менс Бизнис Акцелаторот препознаени и од страна на Универзитетот Стенфорд од Америка



Во јануари 2016 година Акцелераторот ќе ги презентира едукативните програми и методологија пред студентите од Стенфорд на програмата “Европски Иновации и Претприемништво”

Што навистина значи да се биде “образован” и која е впрочем вредноста на образованието? Дали нашите универзитетски институции можат да ги подготват студентите за нивните идни работни места? Или тоа треба да се друг вид на институции кои се специјализираат токму во оваа област, поблиску се до потребите на пазарот и индустријата и побрзо можат да се прилагодат на новите трендови и технологии.

Неопходноста за поврзаност на вештините на кандидатите со потребите на индустријата е поголема од било кога досега и неформалното стручно образование е токму начинот преку кој Европската унија планира да се справува со глобалните предизвици. Притоа јасно е дека најголеми бенефити ќе имаат земјите кои на овој тренд ќе одговорат навремено и ефективно од причина што стручните вештини на кандидатите за работа се извор на економска предност затоа што имаат можност веднаш да работат на напредни и глобални проекти и со тоа да ја зголемат заработувачката и на локалните компании и економии. И во Македонија во изминативе неколку години работодавците се погласно ја нагласуваат потребата од практични вештини и знаења поврзани со конкретната работна позиција со цел новите вработени да се навистина токму тоа - вработени и рамноправни со останатите колеги и кои за само неколку недели ќе се прилагодат на средината и ќе почнат да даваат резултати, а не и после дванаесет месеци да се на таканаречен пробен период и се уште да не се во можност самостојно да ги извршуваат работните задачи. И покрај јасната пазарана потреба во Македонија неформалното стручно образование во областа на информатички и креативни технологии и понатаму не го добива заслуженото место и центрите кои нудат ваков вид на образование се оставени сами да ја докажуваат неговата вредност и знаење и на некој начин да се во позиција на дуалитет со високото образование, иако вистинскиот начин е негова целосна интеграција во образовниот систем и позиционирање како комплементарно и неопходно за оние млади лица кои не планираат да градат академска кариера туку да бидат активен дел од македонските корпорации и помали комапнии, со што секоја од институциите ќе може да се фокусира на својата примарна дејност а придобивките ќе бидат огромни и за младите и за компаниите и за локалната економија.

Една ваква институција за стручна специјализација на кадар во областа на информатички и креативни технологии е ЊуМенс Бизнис Акцелераторот од Скопје во чии рамки функционираат 6 академски програми: Развивање на веб, клауд и мобилни апликации, Развој и дизајн на игри, 3Д моделирање, анимација и постпродукција, Маркетинг, адвертајзинг и односи со јавност, Графички и веб дизајн, Компјутерски мрежи и сајбербезбедност, преку кои најголемиот дел од нивните слушатели успеваат да обезбедат вработување во успешни македонски компании или да реализираат пракса во странство.

Сопственикот и генерален менаџер на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот, Ирена Чаушевска, на покана на СТЕНФОРД УНИВЕРЗИТЕТОТ од САД, во јануари 2016 година како дел од програмта “Европски иновации и претприемништво” на која имаат чест да учествуваат врвни претприемачи од Европа, ќе има можност да го претстави Акцелераторот како и потенцијалот на македонските кадри. Дополнително Чаушевска ќе ја презентира методологијата на едукација на кадрите во Академиите како и развивањето на претприемачкиот дух кај младите луѓе од Македонија и нивниот потенцијал да развиваат производи и услуги конкурентни на глобалниот пазар. Успешноста на моделот на оваа институција е препознаена и од страна на Станфорд Универзитетот, пред се затоа што овозможува целосна специјализација и сеопфатно градење на кариерен профил преку избор на предмети и ментори со комплементрано искуство, како и компании партнери кои го поддржуваат процесот на реализација на практична настава од страна на студентите преку овозможување студентите да се вклучат во развивање, брендирање и пласирање на пазар на иновативни производи и услуги од страна на компаниите. Вакиот процес оваа година ќе се реализира под називот финални мастер проекти во чија реализација заеднички ќе бидат вклучени студенти од различни програми, а за кои Акцелераторот за најдобриот тим веќе издвои буџет за награда во висина од 3000 евра.

Едукативен модел на Академиите на ЊуМенс Акцелераторот се разликува од класичните студии бидејќи е фокусиран на развојот на практичните и животните вештини неопходни за вработување и напредок во кариерата, па на тој начин го надоместува сето она што не се стекнува со класичното образование. Клучните предности се работата со искусни ментори кои доаѓаат од реномирани компании кои не само што ги подготвуваат студентите за да можат веднаш да се вклучат во работењето на компаниите, туку и ги инспирираат и мотивираат студентите со своето животно искуство. Во рамките на студиите, дополнително се организираат посети на регионални и светски компании, како на пример оваа година студентите го посетија GooglePlex и имаа можност да разговараат и да поставуваат прашања на менаџерите на Google. Новина во оваа насока е и стартувањето на компанија која ќе работи на старт-ап проекти кои веќе имаат обезбедена инвестиција во САД во просториите на Акцелераторот во Скопје, а каде пракса и работен ангажман исто така ќе можат да реализираат нивните студенти. Програмите се соодветни за завршени средношколци, актуелни студенти како и дипломирани лица кои сакакат да се стекнат со вештини од областа на современите информатични и креативни технологии.

Индустријата во моментов не само во Македонија туку и на светско ниво има потреба од применети информатички науки и креативни вештини па кога се комбинираат класичните студии и неформалните програми од оваа област, полесно се трасира личниот пат до успехот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија