X
 03.11.2015 Образование

Интервју со Ивана Најдоска, менаџер на Клауд Академијата на NMBA



По повод отпочнувањето на Клауд Академијата на NewMan’s Бизнис Акцелераторот 2015/16 разговаравме со Ивана Најдоска.

1. Успеавте во Скопје да донесете еден од најеминентните ликови во светското претприемништво, г-динот Гери Вајтхил. Колку сметате дека неговиот извонреден мотивационен говор ќе биде добар почеток за вашите студенти?

Г-дин Вајтхил е сериски претприемач од САД со уникатен ментален склоп кој малкумина го поседуваат и кој живее со паролата "Stop at nothing achieve everything". Во сите ситуации поттикнува на иновативен пристап и таканаречен Brain hacking како би ги надминалe препреките. Основач е на “Entrepreneur Week” - втор најголем претприемачки настан во светот и е консултат на повеќе Fortune 100 компании, инкубатори, акцелератори и претприемачи низ светот во областа на претприемништвото.Според реакциите од студентите кои ги сумиравме по настанот можам да кажам дека стартот на Академиите токму со неговиот говор беше вистински избор затоа што ги подготви за едно возбудливо и неповторливо искуство кое ќе ги очекува за време на нашите програми кои се целосно базирани на развивање на професионални вештини и нивна примена во иновативни проекти на успешни македонски компании наменети за регионалните и глобалните пазари

2. Од неодамна сте на позицијата менаџер на Клауд Академијата, пред тоа бевте дел од УСАИД проектот Мрежа ЈЕС (те молам точно објасни го проектото на кој работеше). Колку сметате дека претходните искуства се поклопуваат со она што во моментов го работите на Клауд Академијата?

Доаѓам од еден од најквалитетните и највредните проекти на УСАИД од кластерот образование и економски развој, Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување или накратко Мрежа ЈЕС. Неговата цел е да се зголеми вработеноста кај младите и да се намали јазот меѓу понудата и потребата на пазарот на труд, преку вклучување на сите општествени чинители и засегнати страни. Претходните искуства во голема мера се поклопуваат со она што сега го работам како Менаџер на Клауд Академијата во Њу Менс Бизнис Акцелератор, односно се вреден имот кој го “инвестирам” за реализирање на она што Академијата го има поставено како мисија, а тоа е да бидеме катализатор на знаења и акцелератор на влијанието и резултатие од активностите на студентите и претприемачите.

3. Имате најава за проширување на студиите на регионално ниво, што тоа значи?

Вистинско задоволство е што оваа година бројот на студенти на Клауд Академијата од Македонија е двојно поголем од ланскиот. Притоа реализирањето на програмите и предавањата првенствено се одвиваат во просторите на Њу Менс Бизнис Акцелераторот. Паралелно уште од минатата година функционира и можноста за on-line студии кои се наменети за студенти кои не можат физички да бидат присутни на предавањата или пак повеќе им одговара овој модел на учење на далечина со пофлексибилна динамика. За оваа цел е дизајнирана и развиена интерактивна платформа – The KnowBook – која е менаџирана од менторите кои ги градат нејзините содржини, а се наменети за студентите. На платформата се поставуваат работни материјали и видео туторијали како инструменти за учење наменети за студентите кои учат на далечнина, а и како канал за онлајн сесии со менторите, но и како отворен ресурс на знаења и за студентите кои “во живо” ја следат наставата.

The KnowBook платформата е иновација, on-line академија, која ги надминува границите на националното ниво и е производ кој од оваа година ќе се промовира на реагионално ниво. Промоцијата за почеток ќе биде во соседните земји: Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Словенија, Бугарија, Романија и Австрија. Ова би значело проширување на студиите по: Веб, мобилни и клауд апликации; Компјутерски мрежи и сајбер безбедност; 3Д моделирање, анимација и визуелни ефекти, Дизајн и програмирање на видео игри, Графички, веб и дизјан на нови медиуми; и Маркетинг адвертајзинг и комуникации, на регионално ниво и вклучување интернационални студенти преку on-line настава, кои ќе можат да се вмрежуваат и да формираат регионални тимови и да работат на заеднички практични проекти од успешни компании од регионот и пошироко.

Верувам дека ја имаме гумата која ги брише границите на стереотипот - потребни услови за реализација на едукативен процес.

Доколку имате желба да прочитате повеќе за студиите на Клауд Академијата можете да не посетите на интернет локацијата http://newmansba.com/ или да слушнете повеќе и да не посетите на нашата локација во Тафталиџе и прекрасното Roof Top Café како место за средби со менторите и бизнис заедницата во порелаксирана атмосфера.



4. Вашата академија не спаѓа во доменот на класичните студии, или попрецизно кажано нудите неформално образование. Кажете ни нешто повеќе за тоа...

Моето искуство вели дека формалното и неформалното образование треба да функционираат во синергија и да се надополнуваат за да се постигне посакуваната цел, а тоа се млади кои ги имаат потребните знаења но и применливи вештини за да ги остварат своите професионални цели. Неформалното образование кое го добиваат студентите на Клауд Академијата на Њу Менс Бизнис Акцелераторот подразбира знаења и вештини кои ги прави судентите подготвени веднаш да се прилагодат на потребите на работното место во согласност со нивниот профил, односно компанијата не мора да одвојува дополнително време и ресурси (човечки и материјални) за да добие вработен кој е подготвен веднаш да ги преземе работните обврски без претходна обука. Студентите имаат можност да ги дознаат од прва рака предизвиците со кои се соочуваат компаниите, но и нивните паметни решенија преку работа на конкретни комерцијални проекти кои реално ќе излезат на пазарот и ќе се разлизираат. Овој тип студии овозможува директен контакт со работодавачите, што не е случај со формалното образование, а со тоа се зголемуваат шанси еден млад човек да биде препознаен како потенцијален вработен и да добие можност да ја гради својата кариера во посакувана и нагорна линија.

5. Кои се предностите на ваквиот тип на студии, а кои се недостатоците?

Предноста на програмите на Клауд Академијата е нивниот дизјан кој е креиран врз реалните искуствата од компаниите со кои соработуваме во насока да се одговори на реални потреби на реални работни места. Програмите ги прават студентите препознатливи кај компаниите и воопшто во целиот бизнис сектор. Ги одвојуваат од океанот студенти и млади кои во своето резиме имаат да понудат само формално образование, но не употребливи знаења и професионални вештини кои им се потребни на бизнисите во денешниот динамичен свет на нови технологии. Знаете, Клауд Академијата на студентите им го дава ефектот на “пурпурно дрво” во пејзажот. Доколку здогледате природно пурпурно дрво, без исклучок ќе застанете и ќе се заинтересира за неговата исклучителност. Нашите студенти се одвојуваат од стандарниот пејзаж.

Недостаток понекогаш може да биде тоа што не сите предмети одговараат на личните интереси и афинитети на студентите, но сепак потребни се за да се направи совршен круг од програмата.

6. На настанот со кој ја отворивте новата учебна година ги поделивте и дипломите на студентите кои туку што успешно ги завршија студиите. Со кои од нив можете да се пофалите, каква е нивната иднина?

Посебно би сакала да ја истакнам групата студенти на програмата за 3Д Моделирање, Анимација и Визуелни ефекти кои добија вработување во FX3X, копанијата која работи на холивудски проекти од филмската индустрија, каде имаат можност да го развијат својот талент и да се изградат во “исполирани” професионалци. Не би сакала да ги испуштам и оние студенти кои веќе се на своите работни места или практикантски позиции во компании пред се од софтверската индустрија, а со неколкумина сме во проговори за отпочнување со работа во странство. Во исчекување сме на останатите успешни приказни и се гордееме со секоја од нив. Тоа значи дека заедно сме успеале.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование