X
 05.10.2015 Култура

Македонски Телеком официјален партнер на овогодишниот филмски фестивал за млади "Џифони Македонија"

Денес во просториите на Младинскиот културен центар се одржа прес конференција на која беше најавено престојното трето издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ кое ќе се одржи во период од 7ми до 11ти октомври 2015 год. во Скопје.




Фестивалот оваа година за прв пат ќе биде поддржан од страна на  официјалениот партнер Македонски Телеком кој како Џифони пријател во текот на петте денови заедно со Агенцијата за филм на Република Македонија, Здружението за ширење на филмската култура и Giffoni Experience, Италија ќе се обидат преку филмот и богатата филмска и едукативна програма на третото издание на фестивалот да создадат уште една успешна приказна исполнеата со нови можност и нови искуства за младите во нашата земја како и младите од другите земји кои се дел од интернационалното жири.

Фестивалските активности ќе се одвиваат на две локации и тоа: Јуниорите (деца од 10 год. до 13 год.) своите активности ќе ги следат во Македонскиот народен театар, додека Кадетите (од 13 год. до 16 год) и Сениорите (16 год. до 18 год.) своите активности ќе ги следат во Младинскиот културен центар. Свеченото отварање на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’ ќе се отвори на 07.10.2015 год. со почеток во 19:30 часот во Градското кино Милениум  на кое ќе биде прикажан најновиот филм на  италијанскиот режисер Серџио Ассиси со наслов „Во Неапол никогаш не врне“.

И оваа година како и изминатите години интернационалното жири на фестивалот ќе биде составено од 600 млади на воздраст од десет до осумнаесет години поделени во три старосни категори како и фестивалот го задржува својот меѓународен карактер односно освен млади од Република Македонија вооедно  ќе опфати и повеќе од 50 млади од 10 земји од регионот и пошироко кој ќе бидат дел од жирито.

Овогодинешното издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија‘‘ повторно ќе изобилува, пред се со голема филмска програма, едукативни работилници, еден мастер клас и многу придружни активности. Овие пет дена не очекуваат многубројни содржини кој ќе ги поттикнат младите на една незаборавна дружба, на стекнување на нови пријателства, мултикултурна рамена на искуства и можности да бидат и останат и понатака љубители на филмот и културата.

Во однос на програмата во официјална селекција во склоп на сите три возрасни категории ќе бидат прикажани вкупно 14 филмови и тоа со следните наслови:

Категорија  Јуниори

„Толку многу вода“ во режија на Ана Гевара и Летисија Хорхе

„Илузија“
во режија на Светозар Ристовски

„Црни Браќа“
во режија на Ксавиер Келер

„Чесен Пионерски збор“ во режија  на Александар Карпиловски

„Момчето мрака“
во режија на Аск Хаселбалх

 

Категорија Кадети


„Синиот Бран“
во режија на Зејнеп Дадак и Мерве Кајан

„Не плачи“
во режија на Менс Мерлинд  и Бјорн Штајн

„Големата вода“ во режија на Иво Трајков

„Прибежиште“во режија на Марк Брумунд

„Матура“во режија на Томас Хушка

 

Категорија Сениори


„И утре е нов ден“ во режија на Алекс К. Ли

„Згрчен блуз“ во режија на Софија Норлин

„Големата вода“
во режија на Иво Трајков

„Макс&Лени“
во режија на Фред Николас

„Шеснаесет“
во режија на Роб Браун

 

Освен филмовите во официјална програма ќе бидат прикажани и ревија од 10 македонски кратки младински филмови созадени од млади од нашата земја, како и 6 кратки филмови од Тимот од Хрватскиот филмски сојуз кој оваа година ќе гостува на Џифони Македонија и ќе ги води креативните работилници на тема „Филмска критика“ и „Специјални ефекти“.

 

Во однос на едукативните работилници и оваа година  програмата е создадена од различни забавни и многу интересни, креативни теми и тоа сите со една идеа – Мечтаење и тоа:

 

Категорија  Јуниори


Прима Данца Кореодрама
Сторигами
Актерска игра
Џифони новинари

 
Категорија  Кадети и Сениори

Едноминутни филмови

Сценарио
Хорор филм
Фото мечта
Специјални ефекти
Филмска критика
Графички дизајн
Танго

Покрај работилниците сите учесници на фестивалот од категориите Кадети и Сениори ќе имаат можност да присуствуваат на единствен мастерклас на тема: „Вовед  во создавање на професионален филм“, каде Продуцентот Огнен Антов и режисерот Стојан Вујичиќ ќе зборуваат за начините, правилата и практиките во создавањето на филм,  низ практични примери преку презентација на нивниот краток филм „Брат за еден ден“.

Освен горенаведените активности и филмови сите деца учесници од минатата година преку новата активност Зелениот тепих ќе имаат уникатна можност во текот на секој фестивалски ден да се запознаат со филмските работици кој ќе бидат гости на  фестивалот. Оваа активност има за цел да ги доближат младите до филмските работици од Република Македонија и пошироко како и им дава можност да водат разговор со нив се со цел запознае со процесот на создавање на филмови како и со тежината на создавање на филмското дело.

За проследување на целосниот фестивал или некоја одредена активност Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмска култура Џифони М, го покануваат и Вашиот медиум истите да ги проследи во текот на фестивалските денови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура