X
 09.10.2015 Образование

Објавен е конкурсот за запишување на постдипломски студии на УИНТ "Свети Апостол Павле"



Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид ги информира сите заинтересирани кандидати дека Конкурсот за запишување на постдипломски студии во првиот уписен рок во академската 2015/16 година е отворен до 16 октомври.

Кандидатите можат да конкурираат за 115 места на пет студиски програми, од кои три во траење од 4 семестри (или 2 години) и две студиски програми во траење од 2 семестри (или 1 година), на следниве факултети:

Факултет за комуникациски мрежи и безбедност - запишува 25 студенти на двогодишната Студиска програма по информатички науки и технологии и 30 кандидати на едногодишната Студиска програма по информатички науки и технологии; Факултетот за компјутерски науки и инженерство - запишува 20 студенти на двогодишната Студиска програма по финансиско инженерство; Факултетот за информациони системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника - запишува 20 студенти на двогодишната Студиска програма по компјутерска биологија и Факултетот за информатички и комуникациски науки - запишува 20 студенти на едногодишната Студиска програма по дигитална бизнис информатика.

Надоместокот за студирање на студиските програми во траење од 4 семестри изнесува 400 € (во денарска противвредност) по семестар, а за студиските програми во траење од 2 семестри 600 € (во денарска противвредност) по семестар.

Повеќе информации во врска со условите за запишување можете да најдете на веб страната на Универзитетот на следниов линк: http://uist.edu.mk/Content/DownloadableFiles/Konkurs-za-vtor-ciklus-studii_2015_2016_za%20objava_finalno-English.pdf или преку комуникација со посредство на е-пошта на адреса contact@uist.edu.mk или телефон на 046 511 000.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование