Оваа сабота, 17 октомври од 12 часот, Капитол Мол огранизира детска, интерактивна , музичко-
драмска претстава "Музички волшепства" а специјални гости ќе бидат Вера Милошевска -Јосифовска
од ,,Љубојна” и детските фолклорни таленти од друштвото Орце Николов кои ќе изведуваат
автентични македонски танци и ора.
За сите оние кои ги поддржуваат традиционалните вредности, го сакаат фолклорот, старите обичаи и
приказните кои што се пренесуваат од генерација на генерација, Капитол Мол креираше интересен
настан кој има за цел чување и негување на културното богатство и традицијата на македонскиот
народ.
Капитол Мол е семејно оријентиран трговски центар, нераскинлив дел од многу семејни приказни,
љубовни состаноци, детски родендени и интересни забави, место за квалитетен шопингот за сите
генерации. Овој декември Капитол Мол ќе го прослави својот втор роденден, обезбедувајќи
различни активности, игри, подароци, претстави, награди и многу забава.
Граѓаните во Капитол Мол препознаа топол, пријателски и уникатен простор
во кој преферираат да го поминат слободното време.
На 24 октомври од 12 часот, Капитол Мол одново приредува детска, музичко-драмска претстава со
маестро Зоран Џорлев, а ќе настапуваат и детските фолклорни таленти од друштвото Орце Николов.
„Со овој проект сакавме да покажеме дека сме „носители на традицијата“оние кои ја продолжуваат,
учат и пренесуваат, бидејќи сметаме дека традицијата е таа од која ги црпиме сите вредности според
кои живееме денес. Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој
автентичен амбиент, да учествуваат во работилниците, да научат нешто за традицијата и да си
заминат одовде со вредни награди“ - изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор
на Капитол Мол.
Етно деновите се отворени за сите, а учеството во сите активности е бесплатно.
Дополнително, месец октомври во Капитол Мол е и месец на подароци.
Со секое пазарување над 500 денари се добиваат вредносни купони чии поени се генерираат и
првите 223 учесници што ќе освојат најмногу поени добиваат вредни награди; првиот добива iPhone
6, вториот Sony Experia Т3 , третиот таблет, а и останатите ги очекуваат многу други награди.
За повеќе информации околу „Месецот на награди“ посетете ја веб-страната
www.capitolmall.mk/podaroci
Капитол Мол. Твој мол. Твое место.