X
 20.10.2015 Живот

Прогноза за времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена

Претпладне ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во северозападните, северните и североисточните предели каде може да наврнат од 15 до 25 литри дожд. Утринските температури од 6 до 15 степени, а максималните дневни од 14 до 24 степени.



Во Скопје во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 20 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда облачно и постудено со пад на температурите. Во попладневните и вечерните часови продор на влажна воздушна маса од медитеранот која ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта.

Во четврток облачно со пообилни врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. Максималните дневни температури ќе достигнат до 5 односно до 14 степени. Врнежите од дожд се очекуваат и во петок во утринските и претпладневните часови. Попладне ќе престануваат и постепено разведрување. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени. Во сабота умерено облачно со повремени сончеви периоди и малку потопло. Максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот