X
 12.11.2015 Настани

Њу Менс Бизнис Акцелераторот ќе биде дел од најзначајниот форум за претприемништво во регионот

ЊУ МЕНС БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРОТ МОДЕРАТОР НА ПАНЕЛОТ ЗА
ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧИ НА БЕЛГРАДСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ


Њу Менс Бизнис Акцелераторот ќе биде дел од најзначајниот форум за претприемништво во регионот - Белградскиот Инвестициски Форум -  посветен на поддршка на инвестиции во иновативни компании и идеи, кој се случува од 12ти до 14ти ноември 2015 година, и на кој ќе учествуваат над 50тина говорници, над 70 инвеститори од Европа и Америка и над 500 стартапи и компании.


Форумот е во организација на Seven Venture Networks од Белград, а Њу Менс Бизнис Акцелераторот од Скопје се јавува во улога на партнер на настанот. Генералниот директор на акцелераторот Ирена Чаушевска во улога на модератор ќе го води и панелот “Едукација за претприемачи” чии учесници ќе бидат: Марко Чадез, Претседател на српската стопанска комора, Дане Штанглер, Заменик претседател за истражување и политика на Kauffman фондацијата, Ефка Хедер, Директор на Центарот за претприемачко учење на Југоисточна Европа, Александар Медедовиќ, Член на бордот за меѓународни економски односи на Турција и Софќе Јовановска, Советник на Извршниот борд при Стопанската комора на Македонија.

Претприемачите присутни на настанот кои ќе го посетат штандот на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе имаат и уникатна можност за време на паузите непосредно и во релаксирана атмосфера да се запознаат со Дејвид Голдсмит, консултант за комерцијализација на иновации на НАСА, соосвновач на 12 стартапи, корпоративен советник, иноватор, говорник и автор на бестселерот: “Paid to THINK: A Leader’s Toolkit for Redefining Your Future”, и да поразговараат за нивните стартап предизвици.


За време на Белградскиот Инвестициски Форум ќе се одржи и полуфиналето на стартап натпреварот со кој беа опфатени 300 стартапи од регионот во рамки на програмата “Pioneers of the Balkans” кои ќе се натпреваруваат за влез во финалето и освојување на главната награда од 200.000 евра или друга понуда за инвестиција од страна на присутните инвеститори и фондови. Дел од тимот на Акцелераторот се вклучува со свои претставници како членови на жирито на натпреварот, и тоа Ирена Чаушевска и Владимир Трајковиќ, а Менаџерот на Смарт-ап центарот на акцелераторот Ивица Пениќ е ангажиран како ментор во рамки на програмата пред се за поддршка на стартапите од Македонија и Косово, кои со заеднички автобус и со поддршка на акцлераторот ќе пристигнат утре во Белград.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани