X
 15.10.2015 Настани

Њу Менс Бизнис Акцелераторот го носи Гери Вајтхил во Македонија еден од најексцентричните и иновативни претприемачи во светот

На 20 октомври, вторник, со почеток од 12:30 часот во Синеплекс, ќе се случи настан на кој свој мотивационен говор ќе одржи Гери Вајтхил, еден од најексцентричните и иновативни претприемачи во светот.



Овој гостин од светски калибар доаѓа во Скопје на покана на Њу Менс Бизнис Акцелераторот и претставува уникатна можност да се запознаете со “Шерифот” од AOL како што многумина го напрекуваат или “Хари Потер на глобалното Претприемништво” од Globo. Тој е основач е на “Entrepreneur Week” кој претставува втор најголем претприемачки настан во светот.


Доколку се двоумите како до успешна кариера или сопствен бизнис Гери не само што ќе ве мотивира и инспирира, туку ќе сподели и конкретни совети и насоки како да ги остварите своите цели.

Гери Вајтхил поседува уникатен ментален склоп кој малкумина го поседуваат и живее со паролата “Stop at nothing achieve everything”. Во сите ситуации поттикнува на иновативен пристап и таканаречен Brain hacking како би ги надминал препреките. За помалку од 2 години успева “Entrepreneur Week” да го изгради во глобален екосистем и да го постави на 4 континенти.

Со помош на својот тим гради портфолио од над 500 говорници и листа на над 6000 успешни претприемачи кои заедно имаат остварено преку 7 билиони во годишни приходи.



Го препознаваат како филантроп и глобален реформер. Основач е и на Relentless Foundation и консултант на повеќе Fortune 100 компании, инкубатори, акцелератори и претприемачи низ светот во областа на претприемништвото. Сега ја раководи својата 8ма компанија, а запливал во претпримачките води на 12 годишна возраст основајки компанија за произвотство на слатки.

Сите заинтересирани кои би сакале да бидат дел од настанот и да ја искористат можноста да се запознаат со овој претприемнички гуру можат да ги набават своите билети по повластена цена од 1100 ден доколку се студенти или невработени, односно 2800 ден за компании, додека за сите студенти на Cloud Академиите овој настан ќе биде дел од нивната образовна програма и влезот ќе биде бесплатен. За уплата вирално или во банка потребно е да се испрати меил со податоци на contact@newmansba.com, а за онлајн уплата билет може да се набави преку https://goo.gl/L7ouJ9

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани