
Во Македонија во раните утрински часови врнежите од дожд ќе престанат, па во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено. Во западните предели услови за сосема слаби локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег. Кон крајот на денот намалување на облачноста. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер, а во западните предели југозападен. Утринските температури од -3 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 2 односно до 13 степени.
Во Скопје во сабота ќе биде претежно облачно и студено. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна температура до 8 степени.
Вториот ден од викендот ќе донесе умерено облачно време со сончеви периоди и студено. Максималните температури од 2 до 13 степени.
Во понеделник студено утро, во најголем дел од градовите утринската температура ќе биде негативна и ќе се движат од -7 до 0 степени, во текот на денот сончево и топло со температури од 4 до 15 степени. Во вторник умерено облачно со сончеви периоди и пораст на температури, максималните ќе достигнат до 6 односно до 17 степени. Во среда сончево и потопло и дневни температури од 9 до 19 степени.
Weather4all.com.mk