X
 21.03.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа работна недела?



Во Македонија во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и релативно топло. Попладне во северните предели како и во североисточните и источните предели ќе постојат услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен југозападен и југоисточен ветер кој во западните предели ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 20 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Попладне со услови за слаби локални врнежи од дожд. Утринската температура од 2 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 15 степени. Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер. Максималните температури до 15 односно до 23 степени. Во среда облачно со пообилни врнежи од дожд и ветровито, а дневните температури ќе се движат од 12 до 20 степени. Во четврток претежно облачно, врнежи од дожд ќе има само во западните предели. Максималните температури од 6 до 14 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и температури од 5 до 12 степени.

Weatehr4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот