X
 02.12.2015 Живот

Објавена листа од најмоќните воени сили во светот

Проблемите меѓу Русија и Турција не стивнуваат последниве денови, а целиот свет се прашува како ќе заврши сето тоа.


„Global firepower“ објави и соодветна листа од 126 најмоќни армии во светот врз основа на повеќе од 50 фактори, меѓу кои и бројот на жители и активните војници, бројот на авиони, бродови, оклопни возила и финансиите. Нуклеарната моќ не е земена предвид при пресметките.

На првото место по воена сила според листата е САД. По неа следува Русија, а трета е Кина. Потоа следуваат Индија, Обединетото Кралство, Франција, Јужна Кореја, Германија, Јапонија и Турција.

Од земјите во регионот на листата се најдоа и Хрватска (62 место), Унгарија (59 место), Србија (70 место), Босна и Херцеговина (89 место) и Словенија (99 место).

Македонија ја нема на листата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот