X
 09.12.2015 Образование

Весела Богдановиќ, најдобрата македонска наставничка: "Посакувам луѓето да имаат доверба во македонските едукатори"

„Факултети.мк" ќе објави неколку куси интервјуа со познати и успешни лица како и со влијателни твитерџии и блогери, кои даваат оценка за годинава што изминува, а одговараат и на прашањето, што е она што очекуваат да се промени во следната календарска година.



Весела Богдановиќ веќе 13 години е одделенски наставник во „Кочо Рацин" во село Ивањевци, Могила. Лани беше номинирана за награда од еден милиoн долари, односно за Global Teacher Prize. Таа е избрана меѓу 50-те најдобри едукатори во светот. Препознатлива е по начинот на кој ги одржува часовите - преку игра.

Што е она по што ќе ја паметите годинава што изминува?

Оваа 2015-та година беше необична, бурна, весела и хиперактивна за мене и тоа трае и трае до денешен денJВи благодоарам што преку ова интервју за „Факултети.мк" ме потсетивте да се навратам детално на сите прекрасни и посебни мигови од самиот почеток. Се` започна токму пред нејзиното доаѓање, во срeдината на месец декември 2014 година, оној ден кога не можев да им верувам на моите очи читајки го писмото од светската фондација Varky Games која ме извести, односно ми честита за признаниеето Global Teacher Prize - еден од педесетте најдобри едукатори во светот. Во истиот тој миг се видов себе си објавена на толку многу светски страници и секаде на социјалните мрежи што дури тогаш поверував дека тоа е вистина. Од илјадници апликации во конкуренција на 150 земји од светот, навистина тоа беше голема радост. Потоа започна се`. По неколку месеци светската организација ме избра за Varky Amasador за нашиот регион. Веројатно оваа година ке ја паметам најмногу по медиумската поддршка која ја добив од тој ден и понатаму низ целата година. Училница секојдневно полна со новинари, насекаде објави, насловни страници, голем број на телевизии, јас на сите вести, детски емисии, утрински емисии... Ќе ја паметам по средбите на покана на заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, премиерот Никола Груевски и претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Американската Амбасада ми направи голема чест и ме избра за Инспиративна жена на годината од областа на образованието. Тој ден, кога во американската амбасада пред медиуми и почесни гости, пред господниот амбасадро Џ. Бели ја презентирав својата работа, секако дека нема да го заборавам ама баш никогаш. Шпанската компанија „Арлон„ веднаш ми понуди соработка со која добив статус Арлон академски советник кој има за задача да тестира и оценува готови едукативни апликации и да дава идеи за следни проекти со кои преку компутерска технологија децата ќе изучуват различни теми од наставните предмети. „Нова Македонија”, нашиот национален весник со најдолга традиција прв ми врачи признание „Личност на годината" . Од страна на ТВ Орбис на пригодна свеченост со над 400 присутни бев прогласена за Најпопуларна личност на годината, а Организацијата “Вешта жена “ ми врачи посебно признание Вешта жена од областа на образованието. Признанието Најуспешна битолчанка го добив и од страна на најстариот дневен печат Битолски весник. ТВ Телма сними и објави прекрасен документарен филм за мојата приказна. Соседна Србија и понатаму активно ме вклучува за време на важни активности, трибини, обуки во кои можам да дадам придонес кон професионалниот развој на вработените во образованието во таа земја преку моите примери на работа. Во соработка со госпоѓата Фатма Бајрам Аземовска добив прилика да бидам дел од едукативни работилници со деца од ралични возрасти како и работа со децата и родителите од центарот Сумнал, прекрасни искуства. Во соработка со Паблик, ЕВН и Национална установа градска библиотека Битола добив уште една прилика за реализација на работилници за унапредување на свеста и потребата за читање - прилика да дадам придонес во работа со повеќе деца од мојот град. УСАИД и Фондацјата Чекор по чекор, како и сите претходни години ја продолжија соработака со мене, ми даваат секојдневна поддршка и активно ме вклучуваат како обучувач во сите тековни активности. Microsoft и госпоѓата Влора Адеми и понатаму се тука со нивната поддршка и планови за следни активности. Нашата соработка трае неколку години, посебно од минатата година кога бев избрана на Microsft expert teacher на Македонија и ја претстваував нашата земја во на Global Forum Barselona. Голема благодарност до сите што ми укажаа чест и почит и на некој начин придонесоа и придонесуваат да се почувствувам вредно и во својата земја. Верувам дека некои и не стигнав да ги спомнам во моментов, ги има навистина многу. Секојдневно ми стигаат покани за соработак и ме прават среќна. Global Prize успеа делумно во својата намера. Нивната главна цел е промоција на учителската професија и враќање на достоинството на оваа професија.

Што очекуваш и што би сакала да се промени во 2016 година?

Со оглед на тоа дека плановите и ангажманите секојдневно се раѓаат и најголем дел од нив се прелеваат и за следната година, очекувам година полна со соработка, размена на идеи и искуства со колеги од земјава и надвор и тоа е нешто што воедно и ме прави среќна. Посакувам да се заборави долгиот период во кој се уништи, се згази достоинството на нашата професија и конечно да настапи период во кој сите ќе имаат верба и доверба во способноста на македоските едукатори. Очекувам нашата земја да заземе став и активности со кои ќе ги испочитува, награди и задржи своите квалитени кадри во рамки на своите граници затоа што позитивните примери на поттик и напредок даваат позитивни промени и кај другите, тие се сила која сите може да ги повлече на позитивна акција. Никакви казни и закони немат таква моќ. Исто така како најважно, за доброто на мојата земја посакувам злобата и завидливоста да исчезне од срцата на голем број жители кои живеат со лажна самодоверба, непочитуваки и потценувајки туѓ труд, додека себично кријат и чуваат се` што и лично би можеле да го споделат како добра пример и насока за доброто на сите. Токму тоа веројатно најмногу го посакувам на професионален план. На сите има посакувам многу радост, милион насмевки и успеси.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование