X
 17.01.2016 Образование

Весела Богдановиќ: Се` уште сум селската учителка која по снег ќе патува кај своите ученици

Како што веќе ви е познато, Весела Богдановиќ минатата година беше избрана во 50-те најдобри едукатори во светот. Иако најдобрата македонска наставничка не ја освои титулата Global Teacher Prize и наградата од еден милион долари, таа оттогаш не може да крене глава од покани, семинари, работилници и други најразлични ангажмани... Колку тоа ја промени и која е всушност Весела откако на големо се прослави, таа ни зборува во ова интервју на „Факултети.мк”.



Што се смени, откако наставничката Весела од Ивањевци се прослави во светски размери благодарение на учеството на Global Teacher Prize?

Секојдневно ми стасуваат покани од многу директори на училишта од нашата, но и од и соседните земји, дури и од средни стручни училишта кои би сакале да ме примат како гостин, кој би разменил искуства и би пренел дел од својот ентузијазам и љубов кон работата. Десетици средношколци од секаде често ме контактираат со желба и молба за разговор околу помош за избор на нивната идна професија. Тоа верувајте, е најубавата награда која можев да ја добијам, таа доверба, таа почит. Но, тоа е тешка и одговорна улога, да се советува млада личност во изброт на својата идна професија па затоа сум многу сум внимателна и воздражана, упатувајки ги на разговор со своите родители и досегашни наставници кои добро ги познаават нив. Но сепак, така упорни и полни со доверба кон мене не ги оставам без никаков одговор, туку се обидувам да помогнам барем во насока секое дете проба да се замисли себе како возрасен човек, да го замиисли своето идно секојдневие исполнето со таа професија за која сака да зборува или професии околку кои се двоуми. Тоа фантазирање за иднината може во добра мера да помогне да секој оцени во кој животен “филм” може, сака да живее и функционира среќен. Тука многу ме загрижува што од разговорите со нив заклучувам колку секоја млада личност од сега размислува и гради слики и ставови врз основа на претпоставки и факти околку можностите или неможностите за вработување. Тоа е нешто што ги одделува од избор на можеби иделната профеисја за нив. Но, тука молчам и јас. Што би кажала? И јас не знам колку сум мудра, раководејки се чисто од љубовта кон професијата. Совремнеите личности имаат вроден или стекат претприменички осет, ако може така да се нарече, и јас не знам колку е тоа добро или не е добро за сите нас и за иднина на професиите, кога љубовта е на второ место.



Барана сте за учество на меѓународни трибини. Што се случуваше изминатиот период?

Токму пред Нова година, во почетокот на месец декември имав чест и прилика да бидам предавач на меѓународни трибини - кои со мојата колешка Марија Петреска, ги одржавме во пет градови во соседна Србија, а имаа за цел - зајакнување на стручните компетенции кај вработените во образованието. Се реализираа на покана и во организација на учителско друштво Лесковац, со поддршка од Сојуз на учители на Србија, а со одобрение и акредитација од страна на Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија како и Завод за унапредување на обрзованието на Србија. Точно 1.000 едукатори од Белград, Ниш, Крушевац, Прокупље, Лесковац, за време на овие трибни добија акредитирани сертификати за стручно усовршување. Само еден месец претходно, Регионалниот Центар за стручно усовршување на вработените во образованието Чачак исто така ме покани и ми овозможи да одржам трибина и работилница за колегите од тој регион со цел - пренесување на идеи и практики за креативна работа, за да се унапредат стручните компетенции на вработените во образованието во Србија, а тоа го потврдува фактот дека просветниот кадар сака да соработува и да разменува идеи. Навистина прекрасни искуства и голема чест во исто време. Во моментов работам на обврски кои ги имам како автор на меѓународен фестивал, натпревар на едукативни филмови кој на моја голема радост и чест неодамна доби службено одбрение и акрдитација од страна на Министерство за образование, наука и технолошки развој на Србија"КРЕФ" Меѓународен фестивал на едукативни филмови.

Какви ангажмани имаш кај нас, а се поврзани со образование?

Соработката и поддршката од страна на Фондацијата Чекор по чекор и УСАИД која течела низ годините и сега трае во огромни размери. Тие ми овозможуваат реализација на сонот-да бидам што поблиску, во директен контак и конструктивна соработка со огромен број наставници, родители и дечиња од сите краеви на нашата земја. Обучувач сум во сите компоненти од проктот Со читање до лидерсво. Постојано сум присутна низ многу училници од нашата земја каде имаме задача да во соработка со родители и едукатори заедно учиме техники и игри за забавна математика, јазична писменост, принципи и стнадарди за квалитетна педагошка пракса, стручни комптенции на учителите- Сето она што за што испитувањанаправени од страна на фондацијата дадоа резултати кои упатуваа на итна потреба од дополнителна помош и на наставниците и на родителите како и нивно меѓусебно вмрежување за унапредување на соработката на релација-ичител-родител. Посебно ме радува обуката за креирање стимулатвна средина средина за учење за време на која, прво имаме презентација на идеи и насоки а потоа заедно со едукторите и тим на родители за само 150 минути на лице место преуредуваме по една училница во секое училиште, претворајки ја во весела, игрива и богата средина богата со катчиња и различни дидактички материјали направени со пренамена на материјали, се во рамки на овие минути предвидени за работа. Тоа дава одговор на дилемата - Колку средства се потребни и колку труд е потребен за да се има училница од бајките. Само кога би можел секој да ја види радоста на лицата на наставниците и родителите кои пред свои очи со свој неколку часовен труд прават огромна промена која сите ги радува, а посебно нивните дечиња. Во подготовка е и нашата Втора меѓународна ЕДУ конференција на „Пријатели на обазованието”, која ќе се одржи на први април 2016. Лани на Првата мегународна ЕДУ конференција на која имавме многу реномирани имиња од светот во улога на предавачи, успеавме да привлечеме 500 едукатори, во хотелот Дрим во Струга. И оваа година во соработка со Отворени образовни ресури, во нивна организација, за време на нашата втора конференција повторно ке бидат доделени признанија за најдобар наставник и најдобар професор кој споделува образовани ресурси во нашата земја. Изборот е во тек, гласањето достапно на сите. Ние знаеме која е важноста од промоција на наставничката професија и наградување на вложен труд и затоа сме тука во поддршка на нашите колеги.



Ментор си и на т.н. професионални училиштни заедници на наставници.

Точно, се работи за наставници кои работаат на својот професионален развој преку работа на развојни активности за унапредување на праксата, за олеснување на наставниот процес, кои работаат на решавање на реални проблеми кои најчесто ги имаат со учениците , за конкретни содржини од математика или јазична писменост. Во следниот период ни следуваат вмрежувања на различни учлишта , настани на кои едукаторите од различните заедници ке ги разменат, презентиаат своите искуства и ке дадат различни идеи на своите колеги и поширката заедница. Настани кои ќе овозможата многу креативни наставници да ја презентират својата работа надвор и да бидат препознаени и испочитувани за својата посебност, ентузијазам и професионалност во секојдневниот ангажман. Вакви настани ќе се одржуваат на ниво на цела земја а за таа цел тимот на Чекор по чекор и УСАИД ангажираше истакнати едукатори во улога на ментори кои ќе помогнат на своите колеги да ја промовираат својата работа. Госпоѓата Сузана Киранџиска, директор на Фонадацијата „Чекор по чекор”, секогаш низ години редовно се грижи и за доброто на секое дете во оваа земја и за почитување и промовирање на кавлитените работници кои токму на основа и креитериум-докажан квалитет, редовно ги ангажира во своите мисии, проекти за унапреување и поддршка на современо образование насочени кон децата. На покана на Факулетот за образовани науки во Штип, имав можност и чест да одржам работлница со студентите, нашите идни едукатори и тоа песебно ме израдува. Огромна благодараност до деканката Соња Петровска и д-р Трајче Стојанов, кои ми ја овозможија оваа прекрасна средба со нивните студенти. Одамна не сум видела факултет и тим кој работи на толкаво професинално ниво за доброто на идните генерации од оваа професија. Уште еднаш им благодарам на честа и довербата. Во соработка со Вортекс Медиа во следниов период започнувам работам како педагошки консултат на развој на проект и крајно решени за најсовремена ЕДУ апликација која ќе биде корисна за нашите дечиња.

И годинава има натпревар за Global Teacher Prize. Имаш некаков ангажман поврзан со натпреварот?

Оваа година не се пријавив на натпреварот за избор на Топ 50 најдобри едукатори од причина што сметам дека секој друг треба да ја добие таа можност и да се обиде да ја искористи. Јас како нивeн официјален Varky амбасадор и топ 50 global prize, сега имам задача да соработувам со годинешните апликанти, наставници од целиот свет, од Палестина, Колумбија, Мексико, Малезија... Тоа е богато искуство, задоволство да се има пријатели и соработка со најдобрите и да се помага во нивната промоција и работа. Во моментов заедно со другите амабасодори од светот учествувам на дизајн на системот за поддршка на висок квалитет на настава во една скала, што го нарекуваат "раководство" за образование на 21 век и подлабоко учење и поканета сум на Самитот во Лидерство во Дубаи следните 10-11 март, но поради финанисики причини не знам дали ќе можам да присутвувам на него.

Како наоѓаш време да стасаш секаде?

Не успевам со леснотија да стасам да завршам се` што ви спомнав, со оглед на тоа дека тука се моите редовни работни обврски но сепак успевам да најдам време и сила... Често се чувствувам преоптоварено и уморно во намерата физички и психички да бидам насекаде и тоа да го правам квалитетно. Мојата љубов и потреба да бидам во директен контакт со колеги, дечиња и родители од секаде, и да разменувам креативна енергија со нив, ми дава сила да продолжам и понатаму. Тоа е мојот сон. Сепак, во мометов, на мое големо изненадување од сама себе, сите денови после новата година максимално ги поминувам посветена само на моето семјество и мигови со нив. Уживам во прошетки, гледање филмови, семејни ручеци и вечери. На мигови дури и ми е чудно како тоа успеав да конечно не ме загрижува фактот што едноставно си давам толку целодневно време за себе, иако работата ми стои и ме чека и се собира во купче. Важно е да истакнам дека јас никаде не заминав, повторно сум селската учителка која од денес ќе патува по снег ако успее да стаса до селото. Ниту добив некое унапредување, а од дипломи и благодарници сум сосема задоволна и заситена. Или ми е ова само епизода од која повторно ќе се вратам назад насочена кон доброто на образованието.
Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование