X
 12.01.2016 Култура

Оскар Вајлд: "Најдобриот начин да воспитате добро дете е да го направите среќно"

Може да се најдат многу совети за родителите, но секој има сопствени идеи и методи за воспитување за кои смета дека се најдобри. Затоа, останува секој да се пронајде во изреката која најмногу му лежи. Сите овие изреки за воспитување се кажани од познати писатели и вреди да се прочитаат и запомнат.


„Нема порадикален обид за спасување на светот отколку менувањето на начинот на воспитување на нашите деца.“ - Маријан Вилиjамсон

„Доколку згрешите во воспитувањето на децата, мислам дека што и да правите друго нема да вреди.“ - Џеки Кенеди

„Родителите може само да даваат добар совет или да насочуваат во вистинска насока, но конечното формирање на карактерот на личноста е во нивни раце.“ - Ана Франк

„Најдобриот начин да воспитате добро дете е да го направите среќно.“ - Оскар Вајлд

„Време е родителите да ги учат младите дека има убавина и сила во различноста.“ - Маја Ангелоу

„Би дала сè за да ја зачувам мала. Тие нè пораснуваат толку побрзу отколку ние нив.“ - Џоди Пиколт

„Има само два трајни завети кои може да се надеваме да им ги дадеме на децата. Еден се корењата, а друг крилјата.“ - Гете

„Не грижете се кога децата не слушаат: Грижете се што ве гледаат.“ - Роберт Фулам

„Како е да се биде родител: Тоа е една од најтешките работи што ќе ги имаш, но за возврат те учи на значењето на безусловна љубов.“ - Николас Спаркс

„Не се сеќавам кој го кажал ова, но навистина има места во срцето кои не сте знаеле дека постојат сè додека не сакате дете.“ - Ен Ламот

„Можеби треба и храброст да се воспита дете.“ - Џон Стајнбек

„Повеќе се гордеам на годините како самохрана мајка отколку било кој друг период во мојот живот.“ - Џ.К.Ролинг


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура