X
 16.01.2016 Живот

Јапонската железница држи отворена една железничка линија само поради едно девојче

Иако можеби не е 100% вистина, убаво е да се знае дека јапонската власт се грижи за своите граѓани, колку и да им е неисплатливо.

 

железничка


Имено, јапонската железница држи отворена една железничка линија само поради едно девојче. Девојчето живее во прилично изолирано село на северниот јапонски остров Хокаидо и која до училиште и назад до дома секој ден патува со воз и таа е единствениот патник на оваа железничка линија. Возот два пати дневно вози само за неа, и поради тоа се прилагодува на нејзините термини.

Оваа линија пред три години за малку ќе била укината, но кога владата и Јапонската железница виделе дека девојчето патува со возот, одлучиле да и` излезат во пресрет и да и` овозможат превоз, иако трошоците за такво нешто се огромни. Линијата планираат да ја држат отворена се` додека девојката не заврши на училиште, што би требало да се случи оваа година. Токму овој потег на властите предизвика лавина позитивни коментари, па секако започнаа и споредби помеѓу јапонската грижа за образованието и останатиот дел од светот.

Сепак, постои и друга страна на приказната. „Apple Daily“ изјави дека девојчето од приказната навистина се качува на возот, меѓутоа таа се качува од Куи-Ширатаки станицата, а не од Ками-Ширатаки станицата, и тоа го прави заедно со уште 10 нејзини соученици. „Apple Daily“ исто така потврдува дека Јапонската железница ќе затвори три станици до март 2016 година, меѓутоа нивното затворање нема никаква врска со ученичката.  

Се чини дека приказната е раскажана од емотивен агол намерно - за да се прикаже затворањето на станицата како рационален избор. Како и да е, Јапонија е позната по својата грижлива природа и длабоко вкоренетата култура, такашто можеби за нас грижата кон своите граѓани ни се чини невозможна, за јапонскиот народ ова е природен начин на водење на животот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот