X
 24.02.2016 Живот

Како бесплатно да летате во прва класа додека патувате?

Патувањето порано беше луксуз, но денес може да си го дозволи голем процент од населението во развиениот свет. Сепак, малкумина може да си дозволат да летаат во прва класа. „When on Earth“ нудат совети како билетот за економска класа може да стане билет од прва класа бесплатно.


Зачленете се како чест корисник

Секој нов патник може да се зачлени како редовен патник во било која авионска агенција. Кај повеќето, оваа опција се нуди бесплатно, а може да се добие шанса да добиете поени за летање.


Собирајте ги километрите

Со секое летање собирате километри. Доколку патувате со една авионска агенција или со нејзините партнерски агенции, може да добиете повеќе километри, со што може да добиете гратис летање во прва класа.


Летајте на вашиот роденден

Ова не функционира кај сите агенции, но некои авионски агенции нудат бенефиции доколку забележат дека летате на сопствениот роденден.


Задоцнете

Поголемиот дел од времето сакате да бидете на аеродромот што порано, но дури и да дојдете во последниот момент се исплати понекогаш. Доколку дојдете доцна, може да бидат пополнети сите места во економската класа, па вие да бидете сместени во прва класа.


Најдете проблем со вашето место

Не се препорачува секогаш, но обидот да се најде дефект во седиштето може да биде причина за промена на местото во место од прва класа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот