X
 24.01.2016 Наука

13 годишно девојче создаде сателит кој може да произведе кислород во вселената

Ссателит

 

На неодамнешниот натпревар „Satellite is born“ одржан од Израелската вселенска агенција, беше прогласен за победник 13 годишната Рони Орон, од Рамат Хашарон. Сите деца, на возраст од 12 до 15 години кои учествуваа на натпреварот велат дека имаат желба за дизајнирање на модел сателити кои можат да влијаат врз науката и човештвото на позитивен начин.


Според израелското списание за млади „Ma’ariv L’Noar“, победничката идеја на Орон е наречена „Bio Sat“ која преку употреба на фотосинтеза има за цел да го реши проблемот на астронаутите кои се обидуваат да докажат дека животот  на Марс е возможен.

Орон објасни дека „Bio Sat“ е изграден како еден вид на голем меур од едната страна на која има огледало, а другата страна е транспарентна со што се овозможува пенетрација на сончевата светлина. Во средината има капсула, која ќе биде создадена од мембрана низ која воздухот ќе може да поминува, но водата не. Во неа ќе има вода и алги, а надвор ќе има јаглерод диоксид.

Ќе постојат и дополнителни огледала во самиот сателит кои ќе овозможат сончевата светлина да стигне до капсулата, но не со директно зрачење кое би им наштетило на алгите.

Орон се заблагодари на своите родители кои ја поддржаа нејзината страст за науката.

„Мојот татко, кој е ортопед, беше многу среќен кога започнав со моето истражување. Од мајка ми ја научив мудроста да го гледам животот креативно“.

Во текот на оваа година, Орон ќе присуствува на летниот камп на НАСА кој ќе се одржи во Флорида како победник на натпреварот.

„Ова ќе биде еден вид на почеток на развивање на оваа идеја, еден вид на камп во кој среќавате многу астронаути и тинејџери. Ќе пристигнеме таму како почесни гости, и ќе останеме за да го развиеме сателитот, па од таму ќе видиме што следува“, вели Орон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука