X
 29.01.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Од понеделник подгответе се за температури до 20 степени



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла која ќе услови намалена видливост и помала од 50 метри, која понекаде ќе се задржи и претпладне. Наутро и претпладне во западните и југозападните предели се очекува и зголемена облачност. Во останатите предели ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен и западен ветер. Утринските температури од -3 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

Во Скопје во утринските и претпладневните часови магловито, попладне постојат услови за сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 12 степени

Во сабота претежно сончево со локална облачност и максимални температури од 8 до 17 степени. Во недела зголемување на облачноста, но повторно ќе има сончеви периоди и температури од 9 до 18 степени. Во понеделник и вторник сончево и многу топло, невообичаено за овој период од годината со максимални температури кои ќе се движат од 12 до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот