X
 16.06.2015 Живот

Временска прогноза: Сончевото време продолжува и денес... Од утре пад на температурите



Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и со благ пад на дневните температури. Во текот на денот услови за локални врнежи од дожд и грмотевици ќе има во североисточните и крајните источни предели, но не се исклува можноста врнежи од дожд да има и во северозападните предели.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Минималните температури од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда претпладне умерено облачно со повремени сончеви периоди, во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат проследени со засилен ветер. Локално се очекуваат да наврнат и до 40 литри дожд. Дневните температури ќе се движат од 20 до 31 степени.

Во четврток во утринските часови врнежите од дожд ќе престанат и во текот на денот ќе биде претежно облачно и свежо со дневни температури кои ќе се движат во интервал од 13 до 24 степени. Во петок и сабота умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Дневните температури во пораст и ќе достигнат до 18 односно до 30 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот