X
 15.03.2016 Живот

Што се случува кога не ги проверувате електронските пораки цела недела?

Дали вие би можеле да се откажете од електронската пошта на една недела? Една група колеги го сториле тоа и резултатот е подобар од она што го замислувале.


Колку би ѝ наштетило а кариерата доколку се одлучите да се откажете од електронската пошта на една недела? Веројатно, не би ѝ наштетило многу или воопшто. Впрочем, вашата работа може да се подобри, стресот може да се намали и ќе зборувате повеќе со луѓето лице в лице.

Стивен Војда е асистент професор на Универзитетот во Колорадо и еден од истражувачите кои работеле на истражување во кое 13 работници во канцеларија не користеле електронска пошта 5 работни дена.

- Луѓето биле многу посреќни кога не морале да се соочуваат со сите тие пораки постојано - објаснува Војда.

Меѓу работниците кои учествувале во истражувањето имало менаџери и обични работници. Експериментот бил спроведен на работници во јавна администрација. На почетокот, поголемиот дел од учесниците биле загрижени за својата работа. Испитаниците носеле монитори за мерење на пулсот за време на работата во канцеларијата. Откако групата се откажала од електронската пошта се појавиле неколку позитивни промени.

Пред сè, тие започнувале да стануваат од своите столици почесто, особено менаџерите. Кога требале да комуницираат со колеги, тие преферирале состаноци лице в лице наместо телефонски повик. Потоа, луѓето поретко работеле на повеќе работи истовремено и се фокусирале на една работа во даден период. Конечно, било забележано значително намалување на стресот. Испитаниците на крајот изјавиле дека се чувствуваат посреќни.

Кога станува збор за последиците од експериментот, односно соочување и средување на сите пораки кои пристигнале во текот на неделата, работниците изјавиле дека истото било побрзо и поефикасно отколку што планирале.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот