X
 12.12.2016 Живот

Пронајдете работа во Норвешка

Норвешка е прекрасна земја во која секој би сакал да живее. Со оглед на тоа што нуди одлични услови за живот, голем број луѓе се обидуваат да пронајдат работа токму во оваа земја, а меѓу нив сигурно се и поголем дел од вас.

 

норвешка


Токму затоа, во продолжение ви нудиме што е потребно за да стигнете до работа во оваа земја.

Критериуми за имиграциски работници

Како квалификувани работници, мора да ги исполните строгите барања за имиграција. Ако не сте од земја членка на ЕУ, ќе имате само 6 месеци да пронајдете работа (3 месеци туристичка виза, плус 3 месеци продолжување за оние кои бараат работа. Не заборавајте да аплицирате за ова продолжување при барањето на работа што е можно поскоро и имајте во предвид дека треба да ги исполните барањата за живот и за приходи. Дури и ако добиете понуда за работа, мора да ги исполните одредените барања за плата.

Компаниите мораат да платат минимална плата од 412.600 норвешки круни доколку имате магистратура и 382.900 норвешки круни ако сте дипломирани. Со ова се обезбедува имигрантите да добијат еднаква плата за еднаква работа на исто ниво како и Норвежаните. Сепак, ова може да биде огромна пречка бидејќи многу луѓе може да добијат понуди за работа од помали компании и старт ап компании. Платите се прилично конкурентни и на работодавците ќе им биде потребна добра причина да ве вработат за таа плата наместо да вработат Норвежанец. Повеќе информации можете да погледнете ТУКА.

Она што треба да го знаете и на што треба да бидете подготвени е дека наоѓањето работа е доста конкурентен процес, а ако не сте од Норвешка, има малку место за вас. Но, постојат некои работи што може да ви помогнат:

Волонтерство - Мора да запознаете луѓе таму. Волонтирајте, приклучете се во групи, одеете на настани со цел да ја искористите вашата можност.

Научете норвешки - Не постои шанса да го научите јазикот за само неколку месеци, меѓутоа доволно е да знаете разговорен норвешки за да докажете дека веќе учите.

Запознајте го вашиот сектор - Моментално, најмногу работа има за програмерите и технолошките старт ап компании. Направете истражување и видете како вашиот индустриски сектор стои, па врз основа на тоа направете ја вашата одлука.

Високо образование/работници - За работниците со високо образование конкуренцијата е голема и работните места се прилично ограничени. Тоа важи и за обичните работници - не може едноставно да одите во Мекдоналдс и да очекувате луѓето да ви речат: „Фала што се појави, вработен/а си“.

Штедете - Норвешка е скапа. Ќе ви бидат потребни околу 2.000 евра секој месец.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот