X
 08.04.2016 Економија

Колкав е стандардот на живот на земјите во Европа во споредба со Македонија?

Доколку размислувате да се преселите во друга држава, поради било каква причина, треба да бидете свесни дека трошоците за живот не се исти како и кај нас. Во зависност од тоа каде сакате да се преселите, може да бидете шокирани или пријатно изненадени.

mok

Воглавно постојат две сценарија.

Ако се преселите во странство за да студирате или да уживате во пензијата, веројатно имате постојан извор на пари. Во тој случај, се` што треба да знаете е колку земјата во која се преселувате е скапа (или евтина) за живот во споредба со вашата држава. Токму ова го открива првата мапа која ја создаде чешкиот лингвист и математичар Јакуб Мариан.

За да ја сфатите вредноста, замислете дека моментално живеете во Германија (чиј индекс е 100) и дека трошите 2.000 евра месечно (за стан, храна и други работи). Ако се преселите во Норвешка (индекс 153), ќе мора да потрошите 53% повеќе или 3.060 евра месечно за да го издржите истиот стандард. Од друга страна, ако се преселите во Молдавија (индекс 37), за истите работи месечно ќе треба да потрошите 740 евра. Додека во Македонија за истите работи би порошиле околу 800 евра.

Ако пак се преселите во друга држава, а вашиот план е таму да најдете работа, примерот погоре повеќе не важи, бидејќи цената на трудот е главната работа која се менува и од тоа зависат вашите идни приходи. 

На пример, ако секој месец трошите 2.000 евра во Германија, и се преселите во Македонија, ќе мора да трошите околу 800 евра за да купувате работи на кои сте навикнале во Германија. Просечната плата во Германија е околу 2.600 евра (такашто трошењето на 2.000 евра не е проблем), додека просечната плата во Македонија според државниот завод за статистика е околу 360 евра (околу 7.2 пати помала од Германија), такашто Македонците не може да си дозволат да потрошат 800 евра месечно за да живее стандард кој живеат просечните Германци. 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија