X
 12.04.2016 Живот

"Уметничка пролет на УГД" - Врвни музички имиња од Македонија и регионот со концерти во Штип

Универзитет „Гоце Делчев“ во текот на април и мај организира серија концерти на врвни музички имиња од Македонија и од регионот.


Настаните под заедничко име „Уметничка пролет на УГД“ ќе започнат на 21 април со концерт на добро познатите Петрит Чеку, Антонијо Китановски и Емилија Потевска. Концертот ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Веќе на 16 мај, ова уметничко доживување ќе биде збогатено со концерт на врвните музичари Влатко Стефановски и Мирослав Тадич. Серијата концерти ќе заврши на 27 мај со концертен настап на познатиот бенд на врвниот пијанист Васил Хаџиманов. Последните два концерти ќе се одржат во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Освен концертните настапи, на 16, 21 и 27 април со почеток во 13 часот ќе бидат одржани музички работилници водени од врвни музичари. Музичките работилници ќе бидат организирани на светско ниво и претставуваат убава можност посетителите на овие работилници да се стекнат со музичко знаење и практични насоки. Работилниците ќе бидат со слободен влез и интерактивни во својата природа, а на нив се поканети да присуствуваат сите заинтересирани студенти, млади луѓе и воопшто – сите љубители на добрата музика.

Цената на билетите за секој од концертите е 150 денари и истите ќе можат да се купат секој работен ден од 8 до 16 часот во која било книжарница на Универзитет „Гоце Делчев“. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (15 април).

Ве покануваме да бидете дел од уште едно убаво музичко доживување на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

УГД ЛИФЕ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот