X
 11.05.2016 Образование

Која е целта на образованието ако "Google" може да ни каже се`?

гугл 

 

Не можете да се сетите на името на елементите кои ги откри Марија Кири? Или пак кој ги освои изборите во Велика Британија во 1945 година? Или колку светлосни години е оддалечено сонцето од земјата? Прашајте го „Google“.


Постојаниот пристап до огромен број на онлајн информации на само еден клик радикално го преобликува начинот на кој се социјализираме, информираме за светот околу нас и ги организираме нашите животи. Ако сите факти можат да се пребараат онлајн, тогаш која е целта да се потрошат години учејќи на училиште и на универзитет? Во иднина, откако младите луѓе ќе ги совладаат основите како што се читање и пишување, тие ќе можат да го продолжат образованието преку пристапот до интернет пребарувачите како „Google“, кога и да сакаат да дознаат нешто.

Некои образовни теоретичари тврдат дека можат да се заменат наставниците, училниците, учебниците и предавањата оставајќи ги учениците самите да бараат и да собираат онлајн информации за одредена тема. Ваквите идеи ја доведуваат во прашање вредноста на традиционалниот систем на образование во кој наставниците едноставно го пренесуваат знаењето на учениците. Се разбира, други теоретичари предупредуваат за опасностите од овој вид на размислување, и за важноста на наставниците и контактот со луѓето кога станува збор за учењето.

Ваквата дебата за местото и целта на онлајн пребарувањето во учењето и оценките не е нова. Меѓутоа, наместо да се размислува за начините на кои студентите можат да се спречат да препишуваат или да користат плагијати, можеби на нашата опсесија со автентичноста ѝ недостасува друга важна образовна точка.

Решавањето на проблемите преку синтеза на големи колични на податоци и ангажирањето во истражувачки активности и во активности за решавање на проблеми, се клучни вештини во 21-иот век. Младите луѓе можат да бидат експерти како дел од нивното секојдневно интернет искуство. Наставниците и предавачите треба да истражуваат и да ги сфатат овие практики подобро и да создадат можност за учење и проценка на овие вештини кои тешко се оценуваат.

Во ерата на информативното изобилство, потребно е да не се става толку голем акцент на „автентичниот текст“ туку на дигиталната писменост која кај студентите ја поттикнува мудроста на мрежата на информации која е достапна со едно кликнување на копчето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование