X
 28.08.2018 Технологија

Неколку начини како да откриете кој ве следи онлајн

Ако нешто користите бесплатно онлајн, скоро сигурно тоа го плаќате на други начини, најчесто со одрекување од приватноста. Сакате да знаете кој ве следи? Ова се неколку додатоци за веб-пребарувачите што би можеле да ви помогнат.

1. „Panopticlick“

Оваа апликација ги анализира моменталните поставки на вашиот веб-пребарувач, вклучувајќи ги додатоците и проширувањата, за да види колку ве следат, а ви гги покажува функциите во поставките што вашиот веб-пребарувач го прават позабележителен.

Како се користи апликацијата? Отворете ја веб-страницата на „Panopticlick“ и кликнете на копчето „Test Me“. Почекајте додека не заврши анализата.

2. „Am I Unique?“

Ова е алатка за анализа на сето она што ве следи и е фокусирана на единствениот дигитален отпечаток на вашиот веб-пребарувач. Ќе го земи отпечатокот и ќе го додаде во својата база на податоци и ќе додаде интернет колачиња (cookies) во вашиот систем. Можете да се вратите на оваа веб-страница за неколку недели за да откриете дали вашиот веб-пребарувач станал помалку или повеќе единствен.

Како да ја користите апликацијата? Отворете ја веб-страницата и кликнете го копчето „View My Browser Fingerprint“. Почекајте додека анализата заврши па проверете ги резултатите. Ако постапката сакате да ја повторите периодично, отворете го табот „My timeline“. Преземете го додатокот за вашиот веб-пребарувач и проверувајте повремено што се променило.

3. „Disconnect“

Оваа апликација е проширување за веб-пребарувачите што блокира повеќе од 2.000 поединечни трагачи што ве следат на интернет. Можете да изберете кои трагачи ќе ги користите, а кои не.

Како да ја користите апликацијата? Отворете ја веб-страницата на апликацијата, кликнете на копчето „Get Disconnected“. Засега, проширувањето е достапно за „Хром“, „Фајрфокс“, „Сафари“ и „Опера“. Откако ќе ја инсталирате, отворете веб-страница и отворете го проширувањето. Падечкиот панел ќе ви го покаже целиот опсег на трагачи што следат што правите на интернет.

4. „Lightbeam“


Оваа апликација е визуелно помагало што прикажува мрежа на трагачи помеѓу поединечни веб-страници што ги посетувате. За жал, достапна е само за „Фајрфокс“.

Како да ја користите апликацијата? Отворете ја веб-страницата на „Lightbeam“ и додајте го вашиот веб-пребарувач. Отворете го проширувањето со клик на сличето на „Lightbeam“ во горниот десен агол од веб-пребарувачот. Ќе ве дочека празен графикон што ќе започне да се пополнува што посетите некоја веб-страница. Секоја од нив ќе биде прикажана на посебна слика, поврзана со трагачите.

5. „Trackogprahy“


Оваа апликација е интерактивен водич низ трагачите - можете да ја употребите за да проверите кои компании ве следат, во кои држави се нивните веб-сервери и друга инфраструктура, и можете да проверите информации за тоа што прават со вашите податоци.

Како да ја користите апликацијата? Отворете ја нивната веб-страница. Изберете ја државата, а потоа медиумската веб-страница со која сакате да се поврзете. Ќе видите по кој пат се движат вашите податоци.

6. Блокирајте ги трагачите

Еве неколку алатки со чијашто помош можете да ги блокирате трагачите и да ja исчистите вашата дигитална трага:

„uBlock Origin“ - Ги блокира трагачите, злонамерните веб-сервери на рекламите, малициозните софтвери.

„NoScrpit“ - Ги блокира трагачите и не посакуваните интернет колачиња.

„HTTPS Everywhere“- Вклучува побезбеден интернет протокол HTPPS.

„PixelBlock“ - Го блокира следењетон на пиксели во „Џимејл“.

„Google Activity Controls“ - Контролира што „Гугл“ помни поврзано со вашето пребарување.

„me“ - Ги бриши вашите стари кориснички профили со еден клик.

„Tor Browser“ - Користи вградено блокирање на скрипта и други алати за да ја заштити вашата приватност.

„DuckDuckGo“ - Го пребарува интернетот без трагачи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија