Вчера заврши првиот уписен рок на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје.
На Машинскиот факултет при УКИМ, во текот на првиот уписен рок се пријавиле 322 кандидати, а најголем број на пријавени има на следните студиски програми: Индустриско инженерство и менаџмент (63), Моторни возила (50), Мехатроника (41), Енергетика и екологија (33), Производно инженерство (32), како и Индустриски дизајн (тригодишни студии) (41).
Како што известуваат од факултетот, пополнети се сите места во државна квота за студиските програми погоре, меѓутоа остануваат места за останатите 7 студиски програми.
Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 3 септември, а третиот на 16 септември на оние факултети на коишто ќе останат слободни места.