Производството на обновлива енергија сруши рекорди месецов во Германија. Имено, Германија им плаќала на комерцијалните корисници на енергија да ја користат истата неколку часа.
Според извештај од „Кварц“, енергетските централи обезбедуваат 87% од електричната енергија што се троши во Германија. Овој процент ќе расте уште бидејќи земјата презема мерки за да троши само обновлива енергија до 2050 година.
Во меѓувреме, произведувачите на електрична енергија кои користат гас или други методи се во егзистенцијална криза во земјата и значителен дел од нив веќе се затворени, пренесува
TIME.