X
 01.06.2016 Живот

И Стивен Хокинг не може да ја објасни популарноста на Доналд Трамп

хокинг

 

Можеби го прошири знаењето на светот за ѕвездите, галаксиите и црните дупки, но кога станува збор за Доналд Трамп, дури ни Стивен Хокинг не може да сфати зошто тој ужива толкава популарност.


За време на интервјуто на „Good Morning Britain“ на ITV, Хокинг бил запрашан да го објасни популарниот феномен на магнатот Трамп, кој некако успеа да стане кандидат за претседател на републиканците.

„Не можам. Тој е демагог кој се чини дека привлекува и најмал заеднички именител“, вели Хокинг.

Истакнатиот научник исто така ги повика британските гласачи да гласаат Британија да остане во Европската унија поради економски, безбедносни и научни причини. „Поминаа деновите кога можевме да опстоиме сами, против светот. Потребно е да бидете дел од една поголема група на нации и за наша безбедност и за нашата трговија. Можноста да ја напуштиме Европската Унија може да доведе до остар пад на вредноста на фунтата што ќе му наштети на нашата економија“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот