X
 03.07.2018 Живот

Зошто Мексиканците избраа сопствен Доналд Трамп?

Мексиканците вчера гласаа на изборите, политички обединети за само едно нешто: целосно омаловажување на Доналд Трамп. Па зошто тогаш изгледаа одлучни да изберат сопствена верзија на американскиот претседател?

Тоа беше големото прашање што висеше над очекуваната победа на Андрес Мануел Лопез Обрадор - популист кој третпат се кандидира за претседател. Поранешниот градоначалник на Мексико Сити за влакно не победи на изборите во 2006 година, а беше поразен и во 2012 година. Но, третиот пат му се посреќи. Уште пред изборите, анкетите покажуваа дека Обрадор има голема поддршка. А зошто е така?

Мексиканците се бесни на системот, кој го сметаат за корумпиран и недоволно добар. Енрике Пења Нието, кој сега ја напушта претседателската функција, победи на претходните избори ветувајќи преполовување на криминалот, но наместо тоа, минатата година во Мексико имаше 25.000 убиства. Тој вети и дека ќе ѝ стави крај на корупцијата, а неговата администрација е осомничена дека шпионирала антикорупциски истражители и неговата сопруга беше фатена како купува куќа од 7 милиони долари од владин изведувач. Тој вети и економски раст од 6 отсто годишно, а одвај стаса над 3 отсто. Просечната плата по падот во текот на големата рецесија не успеа да се врати во нормала.

Сето тоа се случуваше додека Трамп ги опишуваше Мексиканците како силувачи, убијци и паразити. Трамп го заслужи Обрадор, смета Брет Стивенс, колумнист на „Њујорк тајмс“. Целата негова колумна можете да ја прочитате тука.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот