X
 06.11.2020 Живот

Грета Тунберг му возврати на Трамп со неговите зборови: „Смири се Доналд, смири се!“

Младата активистка против климатските промени - Грета Тунберг ги искористи зборовите на Доналд Трамп против него.

По речиси една година откако американскиот претседател ја нападна Тунберг кога беше прогласена за личност на годината од страна на „Тајм“, таа ја искористи можноста да му возврати со неговите зборови. Имено, Трамп ја нападна Тунберг пред една година со објава на „Твитер“ која гласи: „Тоа е смешно. Грета мора да работи на својот проблем со управување со бесот, а потоа да гледа добар старомоден филм со пријател. Смири се, Грета, смири се!“



Активистката вчера му се обрати на Трамп преку објава на „Твитер“, реагирајќи на негов повик за стопирање на броењето на гласовите од претседателските избори. Во објавата Тунберг напишала: „Тоа е смешно. Доналд мора да работи на својот проблем со управување со бесот, а потоа да гледа добар старомоден филм со пријател. Смири се, Доналд, смири се!“



Автор: Кимберли Труонг
Извор: instyle.com
Насловна фотографија: Twitter

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот