Како би било да доживеете едно патување во умот на најпознатиот физичар во светот?
Со цел да ја прикажат лекцијата за црните дупки на „Radio 4“, „Aardman Studios“ создаде кратка анимација за истражување на љубовта кон физиката и астрономијата со што ни ги носат ѕвездите малку поблиску до сите нас.
Во режија на Вил Стад, гласовите во анимацијата ги позајмуваат Карл Сејган, професорот Брајан Кокс, професорот Стивен Хокинг и американскиот теоретски физичар Ендру Стромингер. Оригиналната музика е од Макс Халстед.