X
 03.06.2016 Здравје

Македонците едни од најактивните пушачи во светот - По колку цигари просечно на ден пуши еден Македонец?

На 31 мај беше одбележан Светскиот ден без чад од цигари, а за тој ден, „Телеграф“ направи мапа од светот според годишната потрошувачка на цигари. Македонија е помеѓу земјите на врвот. Во земјите кои се обележани со најтемна нијанса се пуши најмногу, додека најмалку се пуши во земјите со посветла нијанса.



Според мапата, на прво место се наоѓа Црна Гора, со 4.123.53 испушени цигари по глава на жител. По неа следуваат Белорусија и Либан. На четвртото место се наоѓа Македонија. Потоа следуваат Русија, Словенија, Белгија, Луксембург, Кина и Босна и Херцеговина.

Од друга страна, земјите со најмала потрошувачка на тутун се Гвинеја, Соломонски острови, Кирибати, Руанда, Самоа, ДР Конго, Вануату, Суринам, Малави и Тонга. 


Уште еден доказ дека Македонците консумираат високо количество тутун е и нашата неодамнешна анкета, на која одговорија над 500 испитаници. Според резултатите, 53,2% од испитаниците изјавиле дека пушат; 31,9% дека не пушат, а 14,9% дека пушат само понекогаш.


Од пушачите, 52% би се откажале од цигарите, но не веднаш. 28% би се откажале но не се обидуваат бидејќи не им успеало досега; 16% се откажуваат во моментов, а 4% не би сакале да се откажат.


Потоа, дури 60% од пушачите во Македонија пушат повеќе од 15 цигари дневно. 24% пушат 5-10 цигари дневно, а 16% пушат 10-15 цигари дневно.


55,3% од испитаниците биле жени, а 44,7% мажи.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје