X
 08.02.2017 Здравје

Алармантна порака од шведските научници до граѓаните на Шведска

snus

Околу 20% од Швеѓаните беа шокирани откако во едно списание за медицина било објавено истражување кое наведило дека нивниот омилен никотински производ е исклучително штетен за здравјето и предизвикува дијабетес.

Имено, еден вид на тутун наречен снус е доста популарен во Шведска - доаѓа во различни вкусови како на пример ментол, лимон и кафе. Швеѓаните се уверени дека овој производ е совршена замена за цигарите.

Всушност, снус е влажен тутун во прав, спакуван во ќесичка слична на оние за чај, а се користи така што цела ќесичка се става во устата. На овој начин, никотинот брзо навлегува во крвниот систем.

Колку е популарен најдобро докажува податокот дека цигарите ги консумираат 16.7% од Швеѓаните (најмалку во ЕУ), а овој производ дури 19%. На Швеѓаните не им пречеше ниту фактот што овој производ е забранет во другите земји од ЕУ.

Меѓутоа, љубителите на снус останаа во шок откако научниците од три реномирани научници од шведски факултети објавија дека неговото редовно консумирање го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 за неверојатни 70%. Отприлика сличен ризик претставува и пушењето на една кутија цигари дневно.

Швеѓаните на ова истражување работеле цели 23 години, а во него биле вклучени 54.500 корисници на овој никотински производ.

Поголемиот дел од луѓето во Шведска веруваа дека цигарите се многу поштетни од овој производ и дека неговото консумирање драстично го намалува ризикот од рак и срцеви заболувања. Д-р Софија Карлсон, научник од еден од шведските институти вели дека оваа теорија е само делумно точна.

„Сите во Шведска мислат дека производот снус е многу помалку опасен од цигарите, а оваа теорија е покрепена со доволно докази. Моето мислење е дека ако сакате да го намалите ризикот од дијабетес, престанете и да пушите и да шмукате снус!“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје